Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо. Во јужните делови претпладне ќе има повремен дожд и слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30-тиот степен.
Од четврток до почетокот на викендот ќе преовладува сончево време, а температурите ќе бидат во пораст, но преку денот нема да биде особено топло. Најсвежи утрата ќе бидат во четврток и во петок.