ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во источните делови на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во и форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Температурата ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.