МАКЕДОНИЈА – Претпладне ќе биде сончево, во попладневните часови ќе има мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Поварадрието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. T= 18 °C, P= 989 hPa, U= 28 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.