ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 17 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.