МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 7 степени, а дневната од 10 до 20 степени.
Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 15 степени.
Наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.