ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

 

 

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени.