ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 31 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи кои од пладневните часови ќе се поинтензивни повремено во форма на невреме (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне 28 степени.

 

 

И утре, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град.