МАКЕДОНИЈА – Во поголем дел од земјава сончево со мала облачност, а претпладне по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
T= 19 °C, P= 984 hPa, U= 58 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).
Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.