ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините над 1500 м.н.в врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 2 до 16 степени.

 

Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови.