МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ=8
Во Скопје утрово значително облачно, во текот на претпладнето облачноста ќе се намали. Попладне во повисоките периферни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 28 степени.