МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=5
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
T= 29 °C, P= 980 hPa, U= 50 %, V= 3 m/s.
И утре се очекува претпладне сончево со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. УВ=6