Врховниот суд ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Томор Морина, државјанин на Велика Британија и на Република Косово.
Решението ќе биде испратено до министерството за правда, кое ќе донесе конечна одлука.
Соопштението од судот кое во целост може да се прочита тука.