ВРEМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Засилен до силен северен ветер, пад на температурите дури и за околу 15 степени, дожд, снег и мраз како и негативни температури ќе ни донесе зимскиот циклон ВИКТОРИЈА, предупредува метеорологот Славчо Попоски. 

Тој ќе се формира над нашите краишта и ќе услови врнежи во понеделник доцна попладне, навечер како и во текот на ноќта кон вторник но и во вторник, на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на планините, меѓутоа поради спуштањето на значително постудена воздушна маса од север врнежи од снег ќе има и на повисоките места каде ќе се формира нова снежна покривка, снежната граница има услови да се спушти и под 1000 м.н.в со што послаби локални врнежи од снег ќе има понекад еи низ населените места во државава.

Поради разведрувањето во текот на ноќта вторник кон среда температурите уште повеќе ќе опаднат и во среда наутро на многу места ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 3 степени додека на високите места и на планините истите ќе се спуштат и под -10 степени, токму поради оваа ситуација ќе има појава на голомразица па така пешаците, а особено возачите и тоа доколку минуваат низ планинските превои да бидат крајно претпазливи.

Почитувани граѓани уживајте во овие рано – летни температури на воздухот се до понеделник кон крајот на денот, а потоа спремајте ја топлата облека, да напоменеме уште еднашка дека овие рано – летни температури на воздухот се должат поради продорот на значително потопла воздушна маса која продира од северните предели на Африка и условува невообичаено високи температури на воздухот кој се повисоки од нормалните дури за околу десет степени.

Да напоменеме уште дека освен кај нас, снежни врнежи ќе има и во регионот односно во Црна Гора, Босна и Херцеговина како и во јужните и југозападните предели од соседна Србија каде локално и тоа оскбено на повисоките и планинските места ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка, проблеми ќе прави и ветерот кој ќе биде олуен и во овие места како и на Јадранот локално ќе достигнува брзина од на 100 км/час па сите вие кој се наоѓате токму тука да бидете крајно претпазливи.