ВРВОИ
Во голема возбуда тој се обѕрнуваше зад себе
да провери до каде се другите што го следеа
а потоа одново продолжуваше да лази
чипчејќи се со раскрвавените прсти за карпата,
за коренчињата, за стебленцата….
А кога се искачија на врвот
тој им рече да погледаат долу, во провалијата,
и дури тогај тие забележаа
дека на тоа место месечината и ѕвездите
им се поблиску отколку земјата.
-Нашето беше до тука, им рече тој,
оттука нагоре
само душата може да се искачи!