Улиците на Будимпешта вчера повторно полни со илјадници демонстранти против новите закони за работни односи и административните судови.
Демонстрантите се собраа пред парламентот и го блокираа сообраќајот на еден од мостовите над Дунав со извици: „Валкан Фидез“ и „Орбан, оди си по ѓаволите“.
Граѓанските организации посочуваат дека новиот закон за административните судови може да води до политичко влијание врз судската власт, обвинување кое властите го негираат.
Владејачката партија Фидез, на премиерот Виктор Орбан, ги усвои двата закони вчера и покрај противењето на опозицијата во парламентот и протестите на улиците.
Европскиот Парламент изгласа санкции против Унгарија за нарушување на ЕУ стандардите за демократија, граѓански права и борба против корупцијата.