Втор мандат на Ким за претседател на Светската банка

Сподели

thumbs_b_c_6c7ee7fc0c8ee2938f10a072e39da527

ВАШИНГТОН (АА) – Усвоен е вториот мандат за претседател на Светската банка, на Џим Јонг Ким. За оваа функција не конкурираше ниту еден друг кандидат, јавува Anadolu Agency (AA).

Според сопштението од Одборот на директори на Светската банка, со седиште во Вашингтон, од 14 септември е изминато времето за организацијата да предложи нов кандидат за претседател.

За претседател на Светската банка беше избран сегашниот вршител на должноста, Ким, кој беше единствениот кандидат во временскиот период од три недели, колку што траеше процесот за апликација. Првиот петгодишниот мандат на Ким ќе заврши во јули 2017 година. По предложувањето за кандидат од САД, тој по втор пат беше избран за претседател и неговиот втор мандат ќе продолжи до јули 2022 година.

Во изјавата на 25 август, министерот за финансии на САД, Џакоб Лев рече дека причината за предложувањето за претседател на Ким, од страна на САД, е неговото успешно справување со големи проблеми како што се бегалската криза и појавата на ебола.

Беше соопштено дека процедурите за повторен избор на Ким ќе бидат реализирани на 7-9 октомври и ќе бидат завршени пред годишниот состанок во Вашингтон.

Ким е роден во Јужна Кореја и е препознатлив по тоа што во почетокот работел во областа на СИДА-та и туберкулозата, а потоа во областа на глобалното здравство и неговиот развој. Неговото семејство емигрирало во САД. Ким студирал медицина на Универзитетот Харвард. Пред да стане претседател на Светската банка, ја основал глобалната здраствена организација „Партнери во здравството“ (Partners in Health) и бил директор на одделот за ХИВ/СИДА при Светската здравствена организација.