Второто полугодие ќе започне на 23 јануари

Сподели

 

Владата денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година, наместо на 18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник), со физичко присуство за сите ученици.

Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.