-“За Србија, убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е терористички акт”, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесе РТС.
-Обвинителството за организиран криминал ќе покрене предистражна постапка и ќе достави барања до останатите надлежни органи, МУП, БИА и други, рече Вучиќ.
Вучиќ рече дека на седницата на Советот за национална безбедност било договорено да се упати писмо до Еулекс и УНМИК, да дозволат Србија да учествува во истрагата за убиството.
Претседателот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, утрово пред влезот на партијата беше убиен со пет куршуми, во Косовска Митровица.