Women 20 Summit: Да се основа фонд за жени од земјите во развој

Сподели

Германската канцеларка во Берлин на „Women 20 Summit”, женскиот самит во рамките на групата Г20 со кој оваа година управува Германија, апелираше на формирањето на фонд со кој развиените земји како што се Германија, САД, Канада и Холандија, пружиле материјална помош на жените во земјите во развој, јавува Anadolu Agency (AA).

„Со фондот, кој, на пример, би го поддржале земјите како што се Германија, САД, Канада или Холандија, би управувала Светска банка и тој по потреба би бил надополнуван”, рече Меркел во обраќањето на панелот на тема јакнење на улогата на жените во бизнис светот.

Додаде дека жените би можеле да бидат многу поактивни во деловниот свет, додавајќи дека поради тоа, со кредитни средства е потребно да се пружи поддршка на жените, посебно на оние жени кои се во земјите во развој.

Истакна дека 50 отсто од жените во светот се вработени, додека тој процент кај мажите изнесува околу 76 отсто, нагласувајќи дека во наредниот период е потребно да се острани постоечката разлика.

На дводневниот собир учествуваат преку 100 челници и познати личности, меѓу кои се и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, холандската крализа Максима како и Иванка Трамп, советничка и ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ќерката на Трамп во текот на панел дискусијата застана во одбрана на нејзиниот татко кој претходно одредени кругови го обвинуваа за омаловажување на жените.

„Американскиот претседател е цврсто уверен во тоа дека жените поседуваат потенцијал и знаење да ги извршуваат работите еднакво добро како и мажите”, рече Трамп на прашањето како реагира на обвинувањата против нејзиниот татко.

Додаде и дека многу жени кои, како што рече, со децении работеле во компаниите на нејзиниот татко можат да ги потврдат нејзините тврдења.

Порача дека нејзиниот татко силно ја поддржува идејата за јакнење на положбите на жените но и семејството.

Холандската кралица Максима истакна дека дури и во нејзината земја не е доволен бројот на жените на раководечките позиции, додавајќи дека е потребно во компаниите да се обезбеди многу подобро опкружување за да се подобри положбата на жените.

Лагард изјави дека е потребно да се обезбедат услови за да жените можат полесно да дојдат до финансиски средства, додавајќи дека е важно да се поддржат жените во деловниот свет.

Напомена дека жените би можеле да придонесат за економски напредок со што би се зголемил и бројот на вработените во светот.

„Жените не треба да се гледаат како закана. Доколку им се даде шанса, многу нешта би можеле да се сменат”, рече Лагард.