За да не се зборува за демократија, се крои Македонија

Сподели

пишува Фросина ДИМЕСКА -Радио Слободна Европа на Македонски

9615A2F2-8C82-4E46-8707-91A9AC2574A9_cx0_cy8_cw0_w987_r1_s_r1

Не постои договор меѓу македонската опозиција со партиите на Албанците за федерализација на државата. Таквите тези се пласираат кога нема што да се каже во дебатата дали има демократија, правда и слобода.

Идеите за федерализација немаат никаква основа, ниту во програмите на партиите на етничките Албанци во Македонија, ниту пак на меѓународен план, коментира професор Стево Пендаровски во интервјуто на Радио Слободна Европа што ќе го емитуваме во целост в недела.

Во недостаток на аргументи во оваа примарна и јас би рекол единствена можна дебата во Република Македонија во моментов се става тезата за федерализација и се клеветат опозиционерите дека уште не дојдени на власт тие договориле со Албанците да ја кројат Македонија. – Стево Пендаровски, универзитетски професор.

„Политичка волја не само кај македонските партии, туку и ви тврдам кај доминантните субјекти на албанска страна во овој момент нема, а моја проценка е дека нема ни да има бидејќи клучот со Рамковниот договор е да се вратиме на неговата имплементација во однос на неговите принципи кои важат, а не во однос на тоа да го смениме Уставот за некој да биде порамноправен“, вели Пендаровски.

Пендаровски кој со години е активен на страната на опозицијата, а беше и претседателски кандидат на СДСМ, вели дека таквите тези во дел медиуми се пуштале намерно кога се немало што да се каже во дебатата дали има демократија, правда и слобода.

„Во недостаток на аргументи во оваа примарна и јас би рекол единствена можна дебата во Република Македонија во моментов се става тезата за федерализација и се клеветат опозиционерите дека уште не дојдени на власт тие договориле со Албанците да ја кројат Македонија. Претпоставувам дека вториот дел од таа небулоза, барем така било досега, така и ќе биде од сега, ќе биде дека веќе во опозицијата сме го договориле и името со Грција и сме го продале и утре прашањето би било зарем за овие би гласале, зарем се овие алтернатива на кој им е единствената цел да дојдат на власт, да го продадат името на државата и да ја федерализираат Македонија“, вели Пендаровски.

И според аналитичарот Алајдин Демири не постои договор меѓу македонската опозиција со партиите на Албанците за федерализација, туку, како што вели, ова е замената на претходните тези за застрашување кои се пуштаа поврзани со голема Албанија. Но тој смета дека идејата за федерализација е жива кај политичките субјекти на Албанците.

„Ако добро се сеќаваме предлогот на ДПА минативе денови во однос на пржинскиот договор, да се дофинализира, беше дводомен парламент. Таа идеја кај Албанците живее како единствен начин да се реши албанското прашање во Македонија“, тврди Демири, кој сепак нагласува дека односот на партиите на Албанците зависи од тоа дали се во опозиција или на власт, па вообичаено кога ќе дојдат во владата ги одбегнувале таквите теми.

Во однос на актуелната случувања Пендаровски во интервјуто вели дека сега е последната фаза на расплетот на политичката криза, а според неговите процени во битните центри на ЕУ постои мислење дека власта во Македонија можела да биде натерана да постапува барем малку подемократски од ова што досега го правела и дека немало да има потреба од санкции.

извор: Radio Slobodna Evropa na Makedonski

http://www.slobodnaevropa.mk/a/27776434.html