ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја е измислена и перфекционирана од страна на ВМРО ДПМНЕ, пишува ДУИ.
Унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошки партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев, и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти НАТО и анти ЕУ елементи во нашето општество, нема ниту кредибилитет, ниту поддршка да говори и обвинува за корупција, ниту за иднината на нашата земја која што ја држи во заложништво и блокада.
ВМРО ДПМНЕ е синомин на корупција, потврдено од самите партиски челници со признание пред Судот, потврдено од судот и со целосно државно конфискуван имот. Тоа го потврди и Данела Арсовска. Тоа го знае секој граѓанин во Северна Македонија. Тоа го знае цела меѓународна заедница
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти, и цела држава. Тоа е вистинската корупција.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за заложништво. Нема поголема корупција од заложништвото на ВМРО ДПМНЕ на своите граѓани и нивната европска иднина.
ВМРО ДПМНЕ е во мртва расистичка трка со Левица која да биде по анти-албанска партија. И Мицкоски и Апасиев ги гледаат Албанците само како слуги, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државнии позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.
Координираните напади со Левица врз Албанците имаат за цел да ја прикријат и одлуката на Судот за Човекови Права од Страсбург за криминалот и корупцијата на ВМРО ДПМНЕ потврдена од цел свет.
ВМРО ДПМНЕ и Левица се осамени во нивниот коруптивно – заложнички свет и уште долго време ќе останат во опозиција затоа што немаат поддршка и немаат партнер, ниту домашен, ниту меѓународен.