Околу 4.655 мигранти се спасени вчера, а од морето се извлечени 28 тела во повеќе од 30 спасувачки мисии кај либискиот брег, соопшти денеска италијанската крајбрежна стража.
За само два дена спасени се повеќе од 10.000 бегалци, што говори во прилог на фактите дека криумчарите го користат мирното време за транспорт со чамци.
Во истиот период настрадаа најмалку 50 лица.
Од почетокот на годинава во Италија стигнале најмалку 142.000 мигранти, додека околу 3.100 е удавиле на пат кон Европа.