На јавниот оглас кој го објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за избор на петтиот член во ад хок телото за медиуми, до сега се пријавиле 10 новинари, објави ТВ21.
Како што вели Цветин Чилиманов, еден од до сега избраните четворицата членови, последниот, петти член ќе биде избран со консензус. Чилиманов не открива имиња на пријавените новинари. Она што со сигурност се знае е дека петтиот член на ад хок телото ќе биде Албанец.
Претседателот на здружението на новинарите, Насер Селмани, вели дека формирањето на комисијата не е решение за правилно информирање на граѓаните.
Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Костовски и Горан Трпеноски како предлог на СДСМ се четворица новинари кои до сега се избрани како резултат на договорот од Пржино. Ад хок телото треба да се комплетира најдоцна до 23 август.
Рокот за пријавување завршува денеска.