За Ковачевски ставањето карти со Голема Албанија е задоцнет потег од 145 години

Сподели

 

Премиерот Димитар Ковачевски го искритикува покажувањето на картата на „Голема Албанија“ на отворањето на комплексот на УЧК во кумановско Сопот.

-Таквите настани со право предизвикуваат бура од реакции кај граѓаните. Ако добро пресметав утрово, ставање на таа карта е задоцнето 145 години и ако по нешто, може да се отслика, какви биле односите на Балканот пред толку години, се такви слични карти кои секоја држава на Балканот ги има. Премиерот Ковачевски ова го изјави во врска со бурата реакции во јавноста по отворањето на музејот во меморијалниот комплекс во Сопот во кој, како дел од експонатите, се најде и мермерна плоча на која е исцртана картата на „голема Албанија“.

Ковачевски, исто така изјави дека спомен-центарот е отворен на приватен имот бидејќи, ако се работи за општествен имот, дозвола за тоа треба да даде општината. Додаде дека Општина Куманово, во чии рамки е селото каде што е отворен комплексот, немала информација во однос на тоа.
 
Али Ахмети објави фотографии од музејот, а под нив напиша:

„Нашата слобода е заснована во крвта на најдобрите синови и ќерки на нашата нација, во големината на нивниот патриотизам. Вечен нека им е споменот! Слава на сите маченици и маченици на нацијата!“