За “Тортура” ќе му се суди и на Мијалков

Сподели

Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на СЈО на одлуката на Кривичниот суд, со која Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК беше изземен од обвинението за случајот „Тортура“, потврдија за МИА од судот.

Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против Сашо Мијалков.

Во оваа постапка, првично од СЈО првообвинет беше Мијалков, но Кривичниот судот одлучи да им се суди само на шестемината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.

На оваа одлука СЈО поднесе жалба до Апелацискиот суд.