За влез во државата потребен е ПЦР тест направен последните 72 часа

Сподели

 

Од утре целосно престанува одлуката за посебен режим на движење на територијата на земјата, т.е. полицискиот час. Од утре почнуваат со работа угостителските објекти, засега само на терасите. Ќе престанат заклучоците на Владата со кои разни категории граѓани се ослободени од работа, а исклучок ќе бидат хроничните болни и децата до предшколска возраст, додека не тргнат во градинка.

За влез во државата со специјални и хуманитарни летови и други превози се укинува задолжителниот државен карантини се заменува со домашна изолација и тест направен последните 72 часа. На предлог на МНР подготвен е протокол за странски дипломати и членови на нивните семејства кои, со потврда за негативен тест во последните 72 часа, можат непречено да ја извршуваат својата работа. Комисијата е задолжена да направи јасна и прецизна проценка за целосно отворање на државните граници за влез и излез од државата. Многу бргу, рече Спасовски, патувањето во регионот ќе биде регулирано за граѓаните во сите земји во регионот, што се договара координирано.