Заев: „Бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година

Сподели

Новата верзија за законот за СЈО, во која  во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ, веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија и очекува дека денеска да биде разгледана од страна на опозицијата, а веќе утре да почнат преговорите на ниво на работни групи, – истакна премиерот Заев.

Премиерот изјави дека се прифатени нивните сугестии за „бомбите“ и дека прислушуваните разговори нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година.

-После овие сугестии што ги прифативме врз основа на нивните амандмани, направен е значителен исчекор, рече Заев и додаде дека тоа всушност беше и побарано од Европската делегација и Венецијанската комисија, а се почитувани и црвените линии за овие работи. „Не заради тоа што Венецијанската комисија и Европа тоа го бараа од нас, туку заради нашиот правен систем и принципите за кои сите се залагаме“, рече Заев.

Премиерот рече дека ги знае сите детали во четирите аспекти каде што се направени промените кои, како што рече, имаат сериозен импакт врз суштината на амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Заев очекува по овие промени процесот да успее и замоли тоа да се случи побргу поради парламентарната процедура.

Прислушуваните материјали што се докази во случаите кои се веќе во судска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат, додека за предметите после 30 јуни 2017 година тие нема да бидат докази во постапките.