Заев: Да се однесуваме одговорно и зрело – здравјето на граѓаните поважно од изборите

Сподели

 

На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара организирање на лидерска средба со една цел, да се одложат изборите.

„Ние мора да ја донесеме оваа одлука заедно. Ова го предлагаме денес како најголема партија на власт. Исто така, мора да ги земеме предвид последиците од одложувањето на изборите врз економијата, но сите знаеме дека сегашната состојба ја прави ситуацијата непријатна со начинот на организирање на гласањето, избирачките места и слично. Се надевам дека заедно ќе изградиме позиција да ги одложиме изборите. Постојат неколку елементи кои утврдуваат кога може да се одржат избори, но главниот е јавното здравство“.

„Сликите од нашата земја да не бидат исти како оние во Кина или Италија. Потребна е посветност и ангажираност на сите. Да се однесуваме одговорно и зрело, затоа што се работи за нашето здравје и на нашите најблиски. Во вакви услови повеќе е јасно дека не дозволуваат нормално организација на избори. Сега е време секој ресурс да се стави во функција на заштита на граѓаните. Затоа во името на СДСМ да се организира лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите. За нас е прифатливо Пендаровски да ја организира оваа средба“, рече Заев.

 

 

Во време кога нашата земја и целиот свет се соочуваат со здравствена криза мора да бидеме обединети и сложни во еден единствен приоритет:

Здравјето на граѓаните пред сѐ!

Сите теренски активности во рамки на тековната кампања се откажани, а јавните комуникации целосно ги прилагодуваме според насоките на надлежните институции.

Апелирам уште еднаш до сите граѓани и до компаниите да ги следат целосно насоките и препораките на институциите и да се придржуваат строго до мерките.
Институциите се подготвени, на време реагираат и преземаат чекори за заштита на јавното здравје.

Но, за целосна контрола на сосотојбата потребна е поддршка од секој. Само заедно може да се заштитиме. #ЗаштитиСе