“Денот на Обединетите Нации го славиме како држава со комплетна лична карта, со признаен македонски јазик и македонска националност. Денес, Северна Македонија е препознаена како земја која преку Договорот од Преспа постави модел за решавање спорови преку дипломатија и дијалог. Тоа е наследството кое го оставаме на светот.
Заедно со државите-членки во ОН, ги мобилизираме нашите ресурси за да ги решаваме глобалните проблеми и да ги славиме достигнувањата на човештвото. Секоја земја членка на ОН е повикана да го дава својот придонес во таа насока” – напиша премиерот Заев на својот ФБ профил.