Заев: Една од опциите е прифатлива за двете страни – на потег се институциите

Сподели

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на својата прес конференција од Софија рече дека со неговиот грчки колега, Ципрас, разгледале можности за решение на спорот околу името кои што македонската страна му ги претставила на шефот на грчката дипломатија.

Како што рече Заев, една од опциите била прифатлива за двете страни. Во следниот период релевантните институции и политичките фактори во двете земји треба да се запознаат со неа и да се произнесат околу можноста за нејзино прифаќање и реализација.

Заев појасни дека ако потенцијалното решение на спорот за името, што го утврдиле со Ципрас, во двете земји биде внатрешно прифатено, тоа би било и официјализирано.

Македонскиот премиер додаде дека за посочените теми разговарал и со претседателот на Франција, Макрон, како и со германската канцеларка, Меркел кои, како што рече Заев, дале поддршка во насока на зајакнување на врските меѓу Македонија и ЕУ.

Ако во случај овој период не се дојде до решение со Грција, Заев посочи дека изграденото пријателство со Грција останува и оти и двете страни и натаму ќе бараат взаемно прифатливо решение се до конечното решавање на  деценискиот спор.

…Решаваме спор за да го засилиме, зајакнеме достоинството и идентитетот на граѓаните во двете земји“, рече Заев.