Заев: Груевски беше подготвен да го направи македонскиот јазик втор, само да се укине СЈО

Сподели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за ТВ24 вчера изјави дека Груевски бил подготвен да го направи и втор јазик македонскиот јазик, ако Ахмети се согласел да го укине СЈО.

17093939_10154992841614804_1608591025_n-1

„Груевски беше подготвен, ако му кажеше Ахмети го тргаме СЈО, да го стави и втор јазик македонскиот, а не пак дали да прифати нешто во делот на платформата или не“, рече лидерот на СДСМ.

Заев изјави и дека е против промена на Уставот во делот на промена на химната, знамето и грбот.

„Не е разговарано за никаква платформа, со Ахмети разговаравме како да се вратат парите назад. Будалаштини се дека ќе бидат казнувани тие што не зборуваат албански јазик. Во моментов 33 општини се двојазични. Ги манипулираат луѓето дека се воведува двојазичност или дека парите ќе бидат двојазични. Такво нешто нема“, рече меѓудругото Заев.