Заев и Ципрас на средба во Софија

Сподели

Средбата на македонскиот и грчкиот премиер во Софија се очекува со големо нетрпение. Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска претпладне во Софија ќе ја имаат својата втора тет-а-тет средба. Таа ќе се одржи на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој ќе се расправа за европерспективите на земјите од регионот.

„Се надевам дека токму на Самитот на ЕУ и Западен Балкан и на средбата со грчкиот премиер, ќе можеме да ги потврдиме досегашните успеси и, ако не друго, да проговориме за начините за изнаоѓање на решение“, изјави деновиве премиерот Заев.