Заев: Изборите продолжуваат, нема причини за одложување

Сподели

 

“Изборите продолжуваат. Нема никакви причини за какво било одложување. Безбедносните протоколи се прифатени од ДИК, одобрени се од ОБСЕ/ОДИХР. Навистина се совршено направени и граѓаните не треба да стравуваат ниту за кампањата, а посебно не за денот на гласањето”, изјавви претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој апелираше сите граѓани да излезат на гласање заради тоа што, како што рече, така добиваат легитимитет институциите.

-” Aко можеме да поминеме половина час, час или два часа на пазар, во дуќан, во аптека, насекаде, во ресторан, во кафетерија, три до пет минути можеме да одиме да гласаме, сите, и да ја исполниме нашата граѓанска должност со сите здравствени протоколи коишто ќе бидат обезбедени на сите стопроцентно гласачки места во државата”, изјави Заев.

Потенцира дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ која комплетно се придржува на сите безбедносни протоколи.

“Максимално сме посветени тоа да го организираме однапред. Насекаде сме на големи отворени парковски површини, плоштади, мали плоштатчиња и слично, се со конечна цел да ја обезбедиме дистанцата. Маските се носат постојано. Секако дезинфекцијата се почитува максимално”, – нагласи Заев.