Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски се приклучија и дадоа поддршка на маршот по повод 8 март во организација на Форумот на жени на СДСМ што оваа година се одржува во Скопје под мотото Еднакви! Можеме!
Секој треба да знае зошто се прави 8ми март на 9ти март, жената не го заслужува само вчерашниот ден туку сите останати денови. Нашите маршови не се за славење туку за борба за жените и девојките. Ќе маршираме се додека не ја стасаме нашата цел – Единство Можеме, истакна денеска премиерот Зоран Заев по традиционалниот марш за денот на жената.
„Да ставиме крај на сиромаштијата, да обезбедиме здрав живот и благосостојба за сите, да овозможиме инклузивно и еднакво квалитетно образование за секого, за родова еднаквост и охрабрување на жените, еднакви шанси за вработување и пристојна и еднаква плата.
Ние сме Социјалдемократи и успеавме во отстварување на големи цели, светот ги препозна нашит успеси.
Само нашите опоненти зборуваат за Заевизмот, вистината е дека нема Заевизам ама има завидлизам. Завидуваат што за првпат во историјата едно чудо пофалби има за нашата држава. Тие што зборуваат за Заевизам си прават туризам на умот“, рече Заев.
Премиерот и го честита денот и на кандидатката за претседател од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова велејќи дека рамноправно ќе му ја честита победата на Стево Пендаровски на 5. мај.
„И го честитам денот и на Гордана Силјановска Давкова, а тоа значи дека рамноправност е кога на 5. мај таа ќе ни ја честита побдата на претседателските избори за нашиот кандидат Стево Пендаровски“, рече премиерот Заев