Премиерот Заев најви дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија, кој треба да ги одбројува вратените пари одземени од државниот буџет, преку сторени кривични дела од претходната власт. Тој додаде дека бројчаникот ќе го плати од свој џеб и ќе го донира на Министерството за култура. Откако ќе ја изврши својата функција, бројчаникот во иднина најверојатно ќе се користи за да ја покажува температурата во Скопје.
-Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските страги ќе ги инкасираат вратените пари кои биле земени од буџетот, како надомест на штета. Тоа е ветување кое го дадов во опозиција барајќи ја поддршката од грѓаните. Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџет на Владата нема такви пари, бројчаникот приватно го плаќам од мои пари. Тоа значи дека по завршување на функцијата ќе биде донирано на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на портата, каде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари, најверојатно ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично – изјави Заев.