На денешниот 23. Конгрес СДСМ го потврди Стево Пендаровски за кандидат за пртеседател.
Претседателот Заев рече дека Пендаровски е кандидат за претседател на сите граѓани и дека е личност со интегритет и со темелно политичко и професионално искуство.
„Стево Пендаровски ќе биде претседател со високо чувство на одговорност кој земјата ќе ја носи напред, кон Европската унија и НАТО. Стево е против поделби и ќе биде партнер на Владата во спроведување на реформските процеси. Личност со интегритет, потврда на концептот едно општество за сите“, рече Заев.
Заев исто така рече дека лидерите и членството на партијата никогаш не отстапиле пред предизвиците и дека секогаш преземала одговорност и носела одлуки и спореводувала рационални поолитики кои се покажале како историски: 1991 година во процесот на прогласување на независност на државата, 2001 со потпишувањето на Охрискиот рамковен договор и запирање на меѓуетничкиот конфликт, добивањето на кандидатскиот статус во ЕУ во 2005 година.
„Така беше и во 2015 година кога со „Вистината за Македонија“ со граѓантие на Македонија во кампот на слободата со шарената револуција тргнавме низ улиците на нашите градови, така беше
и во 2017 и 2018 година кога на 27 април се спротивставивме на насилството и кога новата владина коалиција донесе одлука да постигне договор за пријателство со Бугарија и ќе го реши тридеценискиот спор со Грција“, рече Заев.