Премиерот Заев повторно демантираше дека комуницирал со Груевски, непосредно пред да ја напушти државата и изјави дека тоа се само лажни обвинувања.
-“Таман работа, ќе испадне дека заедно тоа сме го договарале. Откога сум премиер, една и пол година, со господинот Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен Парламентот, во таа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април. Тоа беше таму, во Парламентот, кога разговаравме за одблокирање на процесот, и да не ја мачиме Македонија и македонските институции. Тогаш беа последните разговори.”