Денеска се одржа првата од серијата јавни дискусии за нацрт текст на „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија”. На оваа прва јавна расправа во воведниот дел од настанот се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска, како и првиот извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Алберт Муслиу. Дебатата, во која зедоа учество и претставници од граѓанскиот сектори од државните институции, со внимание ја проследија и претставници од дипломатскиот кор на земјата.
Премиерот Заев, во своето обраќање истакна дека „Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија” не се подготвува само затоа што е дел од Програмата на Владата на РСМ и само заради препораките на меѓународните тела на Обединетите нации, Советот на Европа, Европската комисија, како и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.