ЗАЕВ: Респект и почит кон сите кандидати – никогаш никого не сум потценувал

Сподели

“-Треба да имаме позитивна изборна кампања, имам и право и обврска да поддржам концепт и кандидат за изборите, ги почитувам сите кандидати и никогаш никого не сум потценувал. Јас сум и претседател на СДСМ, и секако имаме право да имаме своја определба и став. Јас сум еден од двигателите на левицата и од владиното мнозинство. Соодветно на Уставот и законите во нашата земја направивме избор на кандидат зад кој стоиме. Стојам отворено, чесно и јавно за целиот концепт на Стево Пендаровски и зад Пендаровски затоа што не само што е мое право, туку е и моја обврска и должност да поддржам концепт и кандидат на овие избори. Респект и почит кон сите кандидати, никогаш никого не сум потценувал, но граѓаните треба да изберат помеѓу понуда и концепт.”

Изјави, Зоран Заев