Заев во Берлин на средба со Меркел и Штајнмаер

Сподели

Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмер.

Премиерот Заев и владината делегација во Берлин ќе имаат средба со канцеларката Ангела Меркел. Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев и канцеларката Меркел, по средбата ќе имаат заедничка прес конференција на која ќе ги презентираат најважните прашања од нивните разговори од интерес на двете земји.

Претседателот на Владата на Република Македонија за време на еднодневниот престој во Берлин ќе има средба и со д-р. Фолкер Трир, заменик претседател на Унијата на германски комори за индустрија и трговија.

Премиерот Заев во седиштето на Фондацијата Фридрих Еберт ќе одржи свое обраќање на тема „Од предизвици до перспективи: демократски реформи и Евро-Атлантска интеграција на РМ“ а во дискусијата ќе се вклучат државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на СР Германија Михаил Рот и претседателот на Фондацијата Фридрих Еберт во Берлин Курт Бек.