Заев за „Фајненшл Тајмс“: Се приближуваме кон решение на спорот за името, не е неопходна промена на Уставот

Сподели

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“ оценува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение на долгогодишниот спор за името и дека прашањето би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули, годинава. Според него, не е неопходна промена на Уставот на Македонија, на што инсистира Грција.

Повторува дека не е неопходна промена на Уставот на Македонија, на што инсистира грчката страна како гаранција за евентуалниот договор.

– Сега новото барање од Грција е дека треба да направиме промена на нашиот Устав. Но, Уставот е само книга со домашни правила и нема никакви импликации надвор од земјата. Во секој случај промената на Уставот не би значела конечна гаранција, бидејќи некоја следна влада во иднина би можела повторно да го промени Уставот, вели Заев.

Тој истакнува дека предлогот Нова Македонија е неприфатлив, а за другите четири имиња Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија и Вардарска Македонија може да се преговара. Во врска со поддршката од опозицијата за евентуалниот договор со Грција, Заев посочува дека и во двете земји постои многу национализам, критицизам, луѓе и групи кои се против тоа.