АНКАРА (АА) – Според податоците на Европската агенција за околината (EEA), поради големото загадување на воздухот, годишно во Европа животот го губат околу половина милион лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во годишниот извештај се наведува дека годишно како последица од загадувањето на воздухот животот прерано го губат 467.000 лица. Исто така, се истакнува дека во земјите како Бугарија, Чешка и Полска, кои користат повеќе јаглен во производството на електрична енергија, многу е поголем процентот на заболените од смртоносни респираторни болести.
Во извештајот на ЕЕ се вели дека во периодот меѓу 2000 и 2014 година, во пад е вредоста на честичките ПМ10, како и на ПМ 2,5. Меѓутоа, познато е дека луѓето што живеат во урбани средини многу повеќе се изложени на ПМ 2,5.
Забележано е дека во земјите на Европската Унија (ЕУ), во 2013 година честичките PM 2,5 доведоа до смртност на околу 430.000 лица и тоа главно поради срцеви проблеми, астма и рак на белите дробови.