РС Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколу сака да започне преговори за влез во Европската Унија (ЕУ). Ова во изјава за бугарската новинска агенција БГНЕС го вели заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е заменик-претседател на комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на источниот сосед, во периодот од 2017 до 2021 година.
Повод за нејзиниот коментар, како што пренесува БГНЕС, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Македонија. што е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што Скопје треба да го спроведе пред да започнат пристапните преговори со ЕУ.
-Измена на Уставот на Република Македонија не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Македонија и тоа мора да се прифати, потенцира поранешната шефица на бугарската дипломатија.
„И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“, вели Захариева.