Повеќе од 20 години Али Ахмети е на власт, кој промовираше етнички поделби, јавашлук и неодговорност. Дуизацијата и криминизацијата на државата немаат ништо заеднично со правата на Албанците, туку перфидна стратегија за владеење, разорување и разнебитување на државата.
Затоа заканите (последните во Струга) за дестабилизација и заканите за опстанокот на Македонија и излегување на улица, му се удираат од глава, ќе биде уште долго во опозиција. Сите граѓани се свесни, вклучително и Албанците дека грабежот од позиција на власт е билет за во еден правец – заминување на младите во странство.
Без разлика на се, треба државата да дејствува превентивно и да постапи како и сите други демократски држави. Да иницира постапки за спречување на налудничавото, деструктивно и противуставно дејствување.
Јазичните, институционалните и етничките или верските права на Албанците не се загрозени, туку се тресе тлото на политичката мафија која повеќе од 20 години го ограбува сопствениот народ.
Заканите, насилството и тероризмот не можат да бидат платформа за враќање на власт, тој филм еднаш помина и никогаш повеќе.
Само владеење на правото, економскиот развој и имплементацијата на европските вредности се гаранција за мир, стабилност и просперитет, информираат од Демократскиот сојуз.
