Законот за минимална плата на ССМ поддржан од партијата ДОМ

Сподели

 

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и пратеничката и воедно и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин остварија средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, со кој минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати.
 
Од страна на пратеничката Морачанин беше истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.
 
Работниците ја добиваат потребната поддршка во Собранието и од страна на пратеничката Морачанин, а се со цел унапредување на нивните работнички права и остварување на правото на достоинствена плата, со зголемување на минималната плата и спирално ќе се зголемат останатите плати.
 
Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека ССМ ја поздравува одлуката со која Партијата ДОМ го предложи до Собранието предлог законот на ССМ, поднесен во декември, за зголемување на минималната плата и дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.
 
ССМ уште еднаш укажува дека во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваме и другите партии и пратеници во парламентот да го следат примерот и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.