Запленети филери во вредност од 9.000 евра

Сподели

 

На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра.
 
Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж.
 
 
 
 
При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9.000 евра.
 
Стоката и возилото се привремено задржани, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење.