Започна погребот на иранскиот претседател Раиси

Сподели

Иранскиот претседател и осум патници, меѓу кои и министерот за надворешни работи, загинаа во хеликоптерската несреќа.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, прогласи петдневна жалост по смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси

Началникот на Генералштабот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Багери, назначи делегација која ќе го истражува случајот со хеликоптерската несреќа во која беше жртва претседателот на Иран Ебрахим Раиси.

„Раиси беше жртва во неделата (19 мај 2024 година) како резултат на падот на хеликоптерот што се случи поради технички дефект на леталото“, се вели во извештајот на државната новинска агенција ИРНА.  Погребот на сите жртви ќе се одржи денеска во Табриз, главниот град на Источен Азербејџан, во 9:30 часот по локално време.