Судењето започна од почеток, пред изменет судски совет во Окружниот суд во Загреб, по што Врховниот суд минатата година ја укина претходната пресуда, според која Санадер беше осуден на девет години затор и враќање на нелегално стекнати 15 милини куни
ЗАГРЕБ (АА) – Денеска во Загреб продолжи повтореното судење за случајот Филм медиа на поранешниот премиер и лидер на ХДЗ, Иво Санадер и останатите, јавува Anadolu Agency (AA).
Повтореното судење започна со читање на документацијата, а Санадер на судењето дојде во придружба на своите адвокати.
Судењето започна од почеток, пред изменет судски совет во Окружниот суд во Загреб, по што Врховниот суд минатата година ја укина претходната пресуда, според која Санадер беше осуден на девет години затор и враќање на нелегално стекнати 15 милини куни (околу 2 милиони евра).
Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (USKOK) го обвинува поранешниот премиер Санадер, странката ХДЗ, Младен Баришиќ, Ратко Мачек, Бранко Павошвиќ, Невенка Јурак и Филм медиа за повлекување на 70 милиони куни (околу 10 милиони евра) од државните претпријатија и институции.
Поранешниот благајник на ХДЗ, Барашиќ, кој на првото судење призна дека извлекувал пари преку Филм медиа за таканаречениот црн фонд на ХДЗ, на повтореното судење тврди дека не е виновен.
Случајот Филм медиа, наречен по фирмата преку која биле извлекувани парите за таканаречениот црн фонд на ХДЗ, е единствен во историјата на хрватското правосудство бидејќи за прв пат ѝ се суди на партија, на ХДЗ, поради нелегално повлекување на пари за партиски потреби т.е. за приватни потреби на обвинетите.
Судењето за овој случај продолжува утре.