Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засадија нови квалитетни садници на булевар Илинден и на булевар 8-ми Септември. Нови дрвореди составени од квалитетни зимзелени и листопадни дрвја ќе ги раззеленат двата булевара.
Садењето на дрвјата е дел од реализацијата на Град Скопје од концептот Зелен и чист град за уредување на нови паркови, подигнување на нови зелени површини, сезонски акции за садење на нови квалитетни садници и подигнување на нови дрвореди во Скопје.