Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово.
На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување.
Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев изјави дека на клиниката се обратиле околу триесет лица со симптоми на труење со чад.
Седум пациенти се донесени до 7 часот сабајле, а другите се донесени по 7 часот утрото, бидејќи биле да горните спратови и не можеле да се симнат долу да бидат преземени од службите на медицинската помош“, изјави директорот на Токсикологија Андон Чибишев.
Повеќето од нив се пуштени на домашно лекување, но четворица постари пациенти со потешка клиничка слика се задржани на болнички третман.